Дома Фудбал Бојан Димовски има нов клуб!

Бојан Димовски има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Бојан Димовски ќе ја продолжи кариерата во српската Суперлига, откако потпиша договор со екипата на ТСЦ Бачка Топола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Левиот бек, кој во минатата сезона настапуваше како позајмен играч во белградски Партизан од рускиот Акрон Тољати, и натаму ќе игра во Србија, но овојпат во дресот на амбициозниот клуб од Бачка Топола.

Димовски досега има запишано 20 настапи за македонската репрезентација. Неговите први фудбалски чекори се поврзани со академијата на Вардар, каде што ги мина трите развојни години и дебитираше за сениорскиот тим. Потоа следуваше трансфер во Академија Пандев, од каде замина во Русија, а преку Партизан сега стигнува до нов предизвик во српскиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eнрике и Артета избраа, ова се составите за финалето од ЛШ! (Фото)

На стадионот „Пушкаш Арена“ вечерва, првпат во 18.00 часот, започнува финалето на Лигата н…