Дома Фудбал Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Официјалните лица на шпанската влада навестуваат дека би можеле да ја повлечат својата репрезентација од Светското првенство во 2026 година.

Најголемиот светски фудбалски турнир ќе се одржи следното лето во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави, првпат во историјата го организираат три различни земји.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Европскиот шампион Шпанија е раниот фаворит на обложувалниците и се наоѓа на добар пат да обезбеди пласман, со две победи од два натпревари на стартот на квалификациите.

Сепак, се појавија индикации дека тимот предводен од Луис де ла Фуенте може да се повлече од Мундијалот во знак на протест ако Израел се квалификува за турнирот.

Израел моментално е трет во својата квалификациска група, но има реални шанси да избори барем плејоф. Заостанува шест поени зад водечката Норвешка, но е бодовно изедначен со второпласираната Италија, со три останати натпревари.

Само победникот на групата оди директно на Светското првенство, додека второто место води во плејоф. Премиерот на Шпанија Педро Санчез претходниот ден повика Израел да се исклучи од меѓународни спортски натпреварувања поради неговите постапки во Газа.

Претходно оваа недела, Санчез изјави дека Израел треба да се третира исто како Русија, која беше суспендирана од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА по инвазијата на Украина во 2022 година.

„Израел не може да продолжи да ги користи меѓународните платформи за да го пере својот имиџ“, рече Санчез пред претставниците на неговата Социјалистичка работничка партија.

Комисијата на ОН за истрага изјави во вторникот дека постојат разумни основи за заклучок дека Израел во Газа извршил четири од пет геноцидни акти дефинирани според меѓународното право.

Конфликтот започна по нападот на Хамас на Израел на 7 октомври 2023, кога беа убиени околу 1.200 луѓе и киднапирани 251 лице.

Во израелската офанзива која следеше, загинаа најмалку 64.964 Палестинци, според податоците на министерството за здравство во Газа, кои ОН ги смета за веродостојни.

Израелското министерство за надворешни работи категорично го отфрли извештајот на ОН како „изобличен и лажен“, додека министерот за надворешни работи Гидеон Сар го нарече Санчез „срамота“ за неговите изјави.

Портпаролот на Социјалистичката група во шпанскиот Конгрес, Паткси Лопез, навести дека шпанската влада може да гласа за бојкот на наредното Светско првенство ако Израел се квалификува и му биде дозволено да учествува.

ФИФА и УЕФА сè уште немаат јавно одговорено на изјавите на Санчез, Лопез и Алегрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…