
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим има на располагање три натпревари за да ја спаси кариерата како тренер на тимот, информира денеска „Дејли Мирор”.
Тие се натпреварите на „црвените ѓаволи” против Челзи, Брентфорд и Сандерленд, кои исто така се и трите меча на тимот пред октомвриската пауза за репрезентативните тимови. Досега, англискиот тим освоил само четири поени од воведните четири натпревари во Премиер лигата, а за време на викендот доживеа тежок пораз со 3:0 од градскиот ривал Манчестер Сити.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Шефовите на клубот сакаат да видат брзо и значително подобрување во наредните недели не само во резултатите, туку и во изведбата на тимот.
Од „Мирор” дополнуваат дека раководството на тимот верува дека „црвените ѓаволи” имаат квалитетен состав, кој може да се бори за врвните места, или барем за учество во европските турнири, а сегашната изведба е прилично разочарувачка. Шефовите на „црвените ѓаволи” не сакаат да ја отпишат сегашната сезона само три месеци по нејзиниот почеток и токму поради таа причина се подготвени да направат порано промена на тренерската позиција во обид да ги задржат шансите за учество во Европа догодина.
На „Олд Трафорд” дури веќе е подготвен список со пет потенцијални заменици на Аморим, доколку дојде до промена. Тоа се Оливер Гласнер, кој моментално е на чело на Кристал Палас, Андони Ираола, кој во моментот го води Борнмут, Паурисио Почетино, кој е на чело на националниот тим на САД, Марко Силва, на чело на Фулам, и поранешниот национален селектор Герет Саутгејт.