Дома Фудбал Просинечки добива отказ: Напаѓач кој остави голема трага во Италија ќе биде нов селектор на Црна Гора!

Просинечки добива отказ: Напаѓач кој остави голема трага во Италија ќе биде нов селектор на Црна Гора!

Според информации на хрватскиот Спорт клуб, одлуката на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора е последица на неуспесите во дуелите со Чешка и Хрватска.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веќе е познато кој ќе биде новиот предводник на стручниот штаб на Црна Гора. Станува збор за Мирко Вучиниќ, легендарен црногорски фудбалер.

Просинечки го презеде водството на црногорската репрезентација во февруари 2022 година. По впечатливата играчка кариера, како тренер работеше во клубови во Србија, Турција, Словенија и Хрватска, а на национално ниво ги водеше репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Бидејќи Црна Гора ги загуби шансите за пласман на Светското првенство, во преостанатите три натпревари (Хрватска, Фарски Острови и Гибралтар) новиот селектор Мирко Вучиниќ ќе има задача да ја подмлади репрезентацијата и практично да започне подготовки за следното издание на Лигата на нации.

Во ова натпреварување, Црна Гора ќе има историска можност конечно да излезе на големото сцена, бидејќи ќе се натпреварува во Дивизија Ц, а во евентуален бараж, исто така, би играла против тим од Дивизија Ц. Ова е шанса која Црна Гора не смее да ја пропушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Роналдо и Меси: Преку ноќ останаа без милиони следбеници на Инстаграм, еве што се случи

Изминатата ноќ, Инстаграм изврши масовно бришење на лажни профили и ботови, и најголем уда…