Дома Фудбал По Де Брујне, „Граѓаните“ се откажуваат од уште една легенда!?

По Де Брујне, „Граѓаните“ се откажуваат од уште една легенда!?

На крајот од сезоната му истекува договорот, а нова соработка, според Британците, нема да му биде понудена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот играч за врска Бернардо Силва (31), кој осум години беше еден од клучните фудбалери на Манчестер Сити, веќе знае дека на крајот од сезоната ќе мора да побара нов работодавач.

Раководството на Граѓаните нема намера да го продолжи договорот со Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми. Така, Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), кој беше отфрлен откако беше десет години столб на екипата. Де Брујне ова лето како слободен играч потпиша за италијанскиот првак Наполи.

Во осум сезони на Етихад Силва постигна 72 гола и 74 асистенции, и освои шест титули првак на Англија, два ФА купа и Лигата на шампионите (2023).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал во Бразил: Претседателот на Фудбалскиот сојуз со државни пари на Мундијал ги однел сопругата и љубовницата

По драмата со повредата на Нејмар, која бразилската суперѕвезда ја донесе на подготовките …