Дома Фудбал Легенда веќе знае кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите: Тоа ќе биде вистински спектакл

Легенда веќе знае кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите: Тоа ќе биде вистински спектакл

Лигата на шампионите се врати, и веќе првата вечер љубителите на најважната споредна работа на светот можеа да уживаат во врвните натпревари.

Реал Мадрид славеше со 2:1 со два пенала кои ги искористи Килиан Мбапе против Марсеј, но многу ќе се дебатира за некои одлуки на босанскиот судија Ирфан Пељто.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Убавината на вечерта се одигра во Торино, каде што Јувентус го угости Борусија Дортмунд. Беше 0:0 на полувремето, а потоа дури осум голови во вториот дел.

Бенфика водеше со 2:0, но загуби со 3:2 од Карабаг, а изненадувачки е и поразот на ПСВ дома со 3:1 од Роја л Унион СГ.

Минатата сезона ПСЖ го освои насловот европски шампион, иако впечатокот беше дека Барселона беше најблиску до тоа, но неочекувано испадна од Интер во полуфиналето. Сега Каталонците ќе бидат во потесниот круг на фаворитите, а поранешниот стопер на Ливерпул Џејми Карагер веќе сега „знае“ кој ќе игра во новото финале.

„Моите фаворити за освојување на Лигата на шампионите се Каталонците. Бев навистина импресиониран од нивните настапи минатата сезона. Мислам дека повторно ќе стигнат далеку“, изјави Карагер за Скај Спортс, а пренесува Мундо Депортиво. „Мислам дека и Ливерпул ќе стигне до финалето. Ќе биде тоа фантастично финале: Барселона против Ливерпул“, додаде тој.

Мајка Ричардс, седејќи во студиото, се согласи со Карагер. „И јас ја бирам Барселона“, рече тој.

Барселона ќе ја започне оваа сезона на Лигата на шампионите со гостински натпревар против Њукасл Јунајтед во четврток, 18 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Луис Енрике го избрка Нејмар од ПСЖ?

Трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен за 222.000.000 евра беше своевремено земјотрес …