
Босанскиот судија Ирфан Пелјто се најде на мета на критики поради одлуките на натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Марсеј.
Најмногу се зборува за вториот пенал за домаќините, кој го реализираше Килијан Мбапе и така ја донесе победата на Мадриѓаните (2:1).
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Пелјто досуди пенал за „кралскиот“ клуб поради играње со рака на Факундо Медина во својот шеснаесетник.
Се чини дека таа одлука беше премногу строга.
„Пеналот беше малку срамен и тоа би го рекол дури и ако беше во наша корист. Тоа не е пенал“, изјави тренерот на Марсеј Роберто де Зерби.
Дури и Перес Буруљ, судиски аналитичар на „Марка“, инаку наклонет кон Реал, истакна дека пеналот не беше оправдан.
„Пеналот не е добро досуден бидејќи станува збор за природна акција. Играчот паѓа на земја, а раката не ја бара топката“, изјави Буруљ.
.