Дома Фудбал Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза понудија многу голови, интересни случувања и доста изненадувања.

На првиот ранен натпревар на “Сан Мамес”, Арсенал ја започна успешно својата кампања и успеа да победи над Атлетик Билбао со помош на голови од играчи кои влегоа од клупата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанскиот гигант Реал Мадрид успеа да направи пресврт против Марсеј натпревар кој понуди сè. “Лос бланкос” повторно останаа со 10 играчи, како и во натпреварот со Реал Сосиедад, но успеаа да извлечат победа.

Јувентус и Борусија Дортмунд приредија неверојатно шоу со осум голови, во кое Германците се гледаа како победници при резултат 2:4, но “бјанконерите” со два гола во продолжението на средбата се изборија за бод.

Тотенхем успеа да започне успешно и се наметна над Вилјареал по ран гол и грешка на голманот на “жолтата подморница”.

Карабах можеби ја направи најголемата сензација на вечерта, откако ја поништи два гола негатива и триумфираше над Бенфика среде Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика не успева да пронајде победничка форма под Жозе Мурињо. Екипата на Каса Пја неочек…