Дома Фудбал Јамал нема да патува за натпреварот со Њукасл, Барселона ќе го чува за дуелот со ПСЖ

Јамал нема да патува за натпреварот со Њукасл, Барселона ќе го чува за дуелот со ПСЖ

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ќе го пропушти гостувањето кај Њукасл во Лигата на шампионите во четврток поради повреда во пределот на препоните, јавува „Мундо Депортиво“.

Како што е познато, крилото отсуствуваше при победата со 6:0 против Валенсија поради истата повреда. Според каталонскиот весник, болките на крилото се појавиле уште при победата со 3:2 против Леванте на 23 август, по што се засилиле при ремито 1:1 со Рајо Ваљекано. Учество на Јамал во победите на Шпанија против Бугарија со 3:0 и против Турција со 6:0 само ја влошило повредата и така дошло до потреба од одмор од натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Очекувањата на весникот се дека младиот талент ќе биде под сериозен прашалник за неделното домаќинство против Хетафе, а веројатно и за гостувањето кај Овиедо следниот четврток. Можно е Јамал да се врати во игра како замена при домаќинството на Реал Сосиедад следниот викенд, но големата цел на Барселона е тој да биде комплетно подготвен за дуелот со гостувачкиот Пари Сен Жермен во ЛШ на 1 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …