Дома Фудбал Потврдено – Светскиот шампион од 2018 објави дека се пензионира на 31 година

Потврдено – Светскиот шампион од 2018 објави дека се пензионира на 31 година

Стоперот Самуел Умтити одлучи да ја заврши професионалната кариера.

Повредата на коленото што ја влече од 2018 година, до денес не успеа да ја излечи и поради тоа, францускиот светски шампион од таа година реши да се повлече од фудбалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Умтити токму таа 2018 година, поради учеството на Светското првенство, ризикуваше посериозна повреда, одби да изврши операција, целиот турнир во Русија го одигра под инекции и тоа на крајот го чинеше кариера.

Денес повторно изјави дека не жали за ниту една одлука и се заблагодари на сите клубови во кои настапувал во текот на кариерата.

Умтити започна во Лион од кој летото 2016 го оствари трансферот на кариерата во Барселона за 25.000.000 евра. Беше еден од најдобрите стопери во Ла Лига и Европа поради што стана незаменлив во тимот на Дидие Дешан.

Меѓутоа, по Светското првенство во Русија започнаа проблемите, бројни компликации и операции поради што Умтити повеќе никогаш не беше ист.

Проба да ја врати кариерата на заем во Лече, но не успеа, исто така ни во Лил каде што отиде како слободен агент во 2023 година.

Тој на 31 година соопшти дека е дојден моментот за пензија со јасна порака:

“Дадов сè од себе, со сета своја страст и не жалам за ништо”, порача Умтити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…