
Во Реал Мадрид повторно е бурно поради судењето, а клубот предводен од Флорентино Перез е решен да ѝ испрати на ФИФА целиот видео материјал со ситуациите кои биле на штета на кралскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Реал славеше со 2:1 на Аноета, сите во клубот се бесни поради судењето и одлуките кои ги сметаат за контроверзни, особено кога Дин Хујсен доби директен црвен картон во 32. минута, а тренерот Xabi Alonso уверува дека требало да добие жолт, бидејќи не беше последен играч во одбраната.
Сепак, изгледа дека во Мадрид успеале да ја извојуваат правдата, со оглед на тоа што судијата од ВАР собата Хорхе Фигуероа Васкез е суспендиран.
Во меѓувреме, во Мадрид се обидуваат да се фокусираат на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите со Марсеј, а Defensa Central пишува дека Кралевите се „уморни од Ла Лига и нејзиното судење“ и дека еден од челниците на клубот јасно порача: „Барем сега ни суди вистински судија во Лигата на шампионите“.