Дома Фудбал Останато Реакција на кик-бокс федерацијата за боречкиот настан во „Јане Сандански“: Настанот нема допирна точка со ММА

Реакција на кик-бокс федерацијата за боречкиот настан во „Јане Сандански“: Настанот нема допирна точка со ММА

Кик-бокс и маитаи федерацијата на Македонија се огласи со реакција околу ММА настанот што вчера се одржа во СЦ „Јане Сандански“, појаснувајќи дека нема никаква поврзаност со него.

Иако во статутот на КМФМ е заведена и дисциплината ММА, а федерацијата досега има организирано и легитимни национални првенства во овој спорт, од таму велат дека станува збор за приватна манифестација со која тие не се инволвирани.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Настснот е од приватен карактер, кој е шоу настан во организација на федерација за бразилско џиу џицу која нема допирна точка со ММА, заедно во позадина со српска фирма. И, на истиот настан нема да учествува ниту еден член на нашата федерација, ниту, пак, некој од федерацијата. Оваа информација ја споделуваме со јавноста од причина што имаме постојани јавувања и прашања од наши поддржувачи, бидејќи постојат шпекулации за учество на наши членови и инволвираност на нашата федерација во настанот“, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко.

На настанот во организација на „Армада“ настапија четири борци од Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за човекот кој го купи костумот на Јута Лердам – плати 195.000 евра, а сега дозна дека е измамен!

Кон крајот на февруари, анонимен купувач издвои неверојатни 195.000 евра за костимот кој н…