
Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи вистинска ексклузива од трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од играчите за кој многу се зборуваше за можното заминување од Арсенал е левото крило – Габриел Мартинели.
Се поврзуваше со неколку клубови од Блискиот Исток, но исто така и со некои од европските великани како Баерн Минхен.
Сепак, трансферот на Мартинели не се оствари летово, и тој и понатаму останува играч на лондонскиот клуб.
Сега, по завршувањето на трансфер периодот, најпознатиот новинар во светот – Фабрицио Романо објави вистинска ексклузива.
Имено, Арсенал имал понуда од Баварците која биле подготвени да ја прифатат за вистинската цена, но Бразилецот не сакал ни да слушне за Баерн Минхен.
Ретки се играчите кои одбиваат клуб со реноме како што е Баерн Минхен, но очигледно Мартинели е еден од нив.