Дома Фудбал Онана ќе заработува двапати повеќе во Турција отколку во Манчестер Јунајтед

Онана ќе заработува двапати повеќе во Турција отколку во Манчестер Јунајтед

Андре Онана стана еден од најплатените фудбалери во Турција. Камерунскиот голман премина на заем од Манчестер Јунајтед во Трабзонспор и ќе добива повеќе од импресивна плата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на Фабрицио Романо, благодарение на бонусите, Онана ќе заработи повеќе во новата сезона отколку ако останеше во Премиер лигата. Неговата плата е највисока во Трабзонспор и една од највисоките во турската лига.

“Дејли Мејл” истакнува дека со планираните премии и добиената сума при потпишувањето на договорот, Онана ќе заработи двојно повеќе отколку во Манчестер Јунајтед.

Камерунецот одигра само еден натпревар за “црвените ѓаволи” од стартот на кампањата и имаше вина за испаѓањето од четвртата дивизија од Гримсби во “Карабао Купот”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По заминувањето на Араухо: Уште едно неочекувано заминување од Барселона во Премиер Лигата?!

Роналд Араухо неочекувано ја напушти Барселона и премина на позајмица во Ливерпул, а патот…