Дома Фудбал Франција на нозе: Плаќа ли некој за Дембеле да ја освои „Златната топка“?

Франција на нозе: Плаќа ли некој за Дембеле да ја освои „Златната топка“?

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, одигра клучна улога во минатосезонскиот поход на францускиот гигант на дури четири трофеи. Со 35 постигнати голови и 16 асистенции, тој беше двигателна сила на тимот на Луис Енрике на патот до историската, прва титула во Лигата на шампиони.

Благодарение на импресивната сезона, Дембеле, еден од 15. играчи на кои Лионел Меси уште во 2020 година им предвиде сјајна иднина, денеска се смета за еден од главните фаворити за освојување на Златната топка. Тоа беше долг пат, но ретки би биле изненадени ако токму тој го подигне престижниот трофеј на свеченоста во Париз подоцна овој месец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во трката се и тинејџерската сензација Ламин Јамал и Мохамед Салах од Ливерпул, но изгледа дека некои ПР агенции вложуваат дополнителни напори за да осигураат Дембеле да не остане во нивната сенка. Сепак, автентичноста на е-поштата која протече во јавноста, а која оди во прилог на 28-годишниот Французин, сеуште не е потврдена.

Целата приказна ја започна Нил Гарднер, австралиски создател на фудбалски содржини, кого на X го следат повеќе од 120.000 луѓе. Тој тврди дека бил контактиран од агенција со предлог поврзан со кандидатурата на Дембеле. Во е-поштата било предложено да објави три “внимателно осмислени твитови неделно во текот на еден месец кои ќе ги истакнуваат неговите настапи, влијанието и целокупниот случај за ова признание.”

Меѓутоа, автентичноста на оваа наводна кампања останува сомнителна, особено бидејќи гласањето за најпрестижната индивидуална фудбалска награда заврши пред неколку недели. Гарднер не го откри името на ПР агенцијата ниту точното време кога ја добил понудата, но тврди дека го одбил парите за да ја разоткрие можната корупција.

„Неодамна ми се обрати ПР агенција да водам ПЛАТЕНА кампања во корист на кандидатурата на Дембеле за Златната топка. Не знам кој го финансира тоа, но мислам дека тоа е апсолутно смешно и морав да ја подигнам свеста за тоа”, напиша во својата објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го вклучи „турбото“, ги претрча сите и постигна одличен гол (Видео)

Реал Мадрид води со 1-0 против Реал Сосиедад на гостински терен, откако Килијан Мбапе ја з…