Дома Фудбал Марсиал се сели во Мексико кај Серхио Рамос

Марсиал се сели во Мексико кај Серхио Рамос

Антони Марсиал е пред трансфер во мексикански Монтереј, каде што игра Серхио Рамос, пишува весникот “Екип”.

Сегашниот клуб на напаѓачот АЕК Атина преговара и со уште еден мексикански клуб за неговата продажба – Пумас, но се очекува тој да премине во Монтереј.

Марсиал е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, со 30 натпревари и 2 голови за националниот тим на Франција. Напаѓачот е од школата на Олимпик Лион, и има играно уште во Монако во Франција и во шпанскиот Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го критикува Жорже Жесус за третманот во репрезентацијата

Кристијано Роналдо изрази незадоволство од третманот кој го доби од селекторот на Португал…