Дома Фудбал Милан ја наполни касата со (не)очекувана продажба во Саудиска Арабија

Милан ја наполни касата со (не)очекувана продажба во Саудиска Арабија

Синоќа официјално заврши приказната помеѓу Јацин Адли и Милан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерот со пасоши од Алжир и Франција ја продолжува кариерата на Блискиот Исток, каде ќе игра за екипата Ал Шабаб.

Саудискиот тим веќе се пофали со новото засилување, а Адли реши да се прости од навивачите на Милан.

„Ви благодарам многу за љубовта што секогаш ми ја покажувавте, навивачи. Ви велам – поддржете го Алегри и тимот, бидејќи ја заслужуваат вашата поддршка. Јас бев и секогаш ќе бидам Миланиста, секогаш давав сè за тој дрес и никој тоа не може да ми го одземе.“

Цената на овој трансфер е околу 8 милиони евра.

Адли пристигна во Милан во 2021 година, но беше веднаш вратен назад на позајмување во Бордо, и најчесто беше резервист во Милано, некогаш и на Круниќ, сегашниот фудбалер на Црвена звезда.

Играше минатата сезона на позајмица во Фиорентина, а покрај споменатите клубови, вреди да се напомене дека кариерата ја започна во редовите на ПСЖ каде никогаш не доби шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројката станува само поголема: 46 милиони навивачи бараат заминување на Мбапе!

Ова е една од најследените петиции на интернет историјата, а сосема е јасно дека освен при…