Дома Фудбал Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусампа, е уапсен и испрашуван од полицијата во вторникот. Ова е во врска со тековно кривично истражување за долготрајни даночни измами.

Службата за даночни истражувања и криминал (Fiod) во Холандија, исто така, го задржа и неговиот 65-годишен сметководител. Претресени се домовите на него и на 48-годишниот Мусампа. Запленети се сметководствени документи и луксузни часовници.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити веќе со години има проблеми со даночните власти. Минатиот месец беше наметнат запор врз неговиот исклучително скап имот во центарот на Амстердам. Се очекуваше тој да биде јавно продаден на аукција минатата недела, но аукцијата беше одложена во последен момент.

Мусампа и неговиот сметководител се осомничени за измама со даночни пријави за приходи во текот на неколку години, информира Fiod. Тие беа уапсени и испрашувани во вторникот. Мусампа е ослободен во среда рано попладне, откако помина една ноќ во притвор, додека неговиот сметководител сè уште е задржан.

Според Fiod, двајцата тврдат дека Мусампа е даночен обврзник во странство, но даночните власти не се согласуваат со тоа. „Се претпоставува дека тој поседувал неколку имоти во Холандија, вклучувајќи стан и банкарски сметки“, пишува Fiod во соопштението за печатот. „Освен тоа, тој работи во Холандија (во Ајакс, бел. ред.) и добива приходи во Холандија.“

Ајакс, исто така, реагираше на веста: „Клубот е запознаен со соопштението и смета дека е прерано да коментира по суштина“, изјави портпаролот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ja прекина неверојатната серија на Ливерпул (Фото)

Пеп Гвардиола на својата 1000-та натпреварувачка средба го совлада Ливерпул со 3:0 и со то…