Дома Фудбал Неверојатно: Барселона можела да го изгуби Јамал и тоа за за пет милиони евра – еве кој клуб ја пропуштил шансата!

Неверојатно: Барселона можела да го изгуби Јамал и тоа за за пет милиони евра – еве кој клуб ја пропуштил шансата!

Ламин Јамал, кој е еден од најдобрите играчи на денешницата и главен кандидат за “Златната топка”, не толку одамна бил на прагот да се приклучи на Баерн Минхен!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот магазин Билд денес сподели изненадувачка приказна за тоа како челниците на Баерн отпатувале во Каталонија за да преговараат за Пабло Гави, но на лице место откриле неверојатен 14-годишник по име Ламин Јамал!

Сето тоа се случувало во текот на 2022 година, кога Јамал сè уште немаше полни 15 години. Раководството на Баерн биле толку воодушевени што веднаш сакале да го донесат во Минхен. Подготвиле сума од 5.000.000 евра, со која Јамал ќе станел најскапо платениот 14-годишник на сите времиња, но Жорже Мендеш успеал да го запре овој трансфер.

Мендеш ја презел улогата на негов застапник и во договор со Жоан Лапорта, младиот фудбалер го продолжил својот напредок во Каталонија.

На крајот, се покажа дека тоа беше идеално решение за Јамал и Барселона, додека Баерн пропушти шанса да добие еден од најдобрите играчи на современото доба за апсурдно ниска цена во денешни услови…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доста беше: Атлетико Мадрид испрати жесток одговор до Барселона поради Алварез

Откако денес го завршија потпишувањето на Гордон од Њукасл, управата на Барселона сака да …