Дома Фудбал Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави рамо до рамо со Антони, како најплатен фудбалер во тимот, по доаѓањето на Бразилецот од Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот клуб веќе започна преговори за обновување на договорот на Иско и има намера да го изедначи неговото финансиско примање на исто ниво како она на 25-годишниот Антони, тврди локалниот медиум Estadio Deportivo.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последен пат Иско го продолжи својот договор во декември 2023 година, а актуелните преговори започнаа порано летово, но сега се очекува да се забрзаат, иако играчот од средниот ред во моментот е надвор од игра поради повреда.

Фудбалерот е обврзан со клубот до 2027 година. Имаше интерес од други клубови за време на трансферниот период, но тој јасно изјави дека го гледа своето иднина во Бетис, каде што стана лидер и миленик на навивачите. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се опоравува од повреда, која ќе го задржи надвор од терените околу три месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Бразил ја забележа својата шеста загуба во квалификациите за Светското првенство 2026 годи…