Дома Фудбал Зидан веќе се подготвува да го наследи Дешан како селектор на Франција

Зидан веќе се подготвува да го наследи Дешан како селектор на Франција

Легендата на Франција, Зинедин Зидан, веќе активно се подготвува да го наследи Дидие Дешан на селекторското место, иако се уште не е потврдено дали токму тој ќе ја добие оваа функција следното лето, пишува „Екип“.

Како што е познато, Дешан веќе објави дека по завршувањето на Светското првенство 2026 ќе се повлече од позицијата селектор на Франција, на која е од 2012 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неговиот поранешен соиграч, Зидан, пак, е апсолутен фаворит за негов наследник, дури и ако се уште е прерано за официјално потврдување од Француската фудбалска федерација. Трикратниот европски клупски шампион со Реал Мадрид не може да чека да дојде тој момент и веќе сега е посветен на тоа да биде подготвен за идното назначување.

Според информациите, Зизу веќе разговарал со поранешниот селектор, Лоран Блан, за неговиот период како селектор на „петлите“, по што си води обемни белешки и има јасна слика како сака да игра тимот под негово водство. Дополнително, носителот на „Златната топка“ за 1998 година внимателно ги следи натпреварите во Лига 1 и во европските турнири. Тој исто така го следи и новото поколение на француски фудбалери, информирајќи се и од актуелниот тренерски состав на репрезентацијата. Од друга страна, самите репрезентативци на Франција исто така посакуваат да работат со легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скромноста на дело: Модриќ заработи милиони во кариерата, а на собирот на репрезентацијата пристигна со нискобуџетен лет

Фантастичниот играч од средината, капитен на Хрватска и ѕвезда на Милан, Лука Модриќ, заед…