Дома Фудбал Удар за Тухел: Англија на неколку часа пред натпреварот со Србија остана без важен фудбалер

Удар за Тухел: Англија на неколку часа пред натпреварот со Србија остана без важен фудбалер

Веќе беше познато дека вечерва Англија ќе настапи во Белград против Србија со значително ослабен состав, бидејќи ќе мора да се снајдат без Белингем, Сака, Палмер, Трент и Стоунс. Но, навивачите добија уште една лоша вест денеска.

Имено, левиот бек на Арсенал, Мајлс Луис-Скели, нема да биде во составот за натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Луис-Скели беше стартер во саботната победа против Андора со 2:0, но сега не е дел од списокот од 23 фудбалери кои ќе настапат против Србија.

Причините зошто Луис-Скели не е дел од тимот сè уште не се познати, но навивачите на Арсенал, за кој настапува овој 18-годишник, се грижат дека можеби е повреда во прашање.

Србија и Англија играат вечерва од 20:45 часот, а овој дуел е од суштинска важност во борбата за првото место во квалификационата група К, што носи директен пласман на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…