Дома Фудбал Грчкиот газда избра наследнк на Нуно Еспирито Санто – доведе сонародник!

Грчкиот газда избра наследнк на Нуно Еспирито Санто – доведе сонародник!

Нуну Еспирито Санто стана првиот тренер во Премиер лигата кој доби отказ оваа сезона. Португалецот го напушти клубот по само три натпревари поради несогласувања со Евангелос Маринакис.

Маринакис и водството на клубот не одолговлекуваа многу. По само еден ден беше објавено дека поранешниот тренер на Тотенхем, Анге Постекоглу, ќе застане на кормилото на Нотингем Форест.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Адвокатите на двете страни го договориле деталите од договорот и се очекува Постекоглу да потпише договор до јуни 2027 година.

Постекоглу, кој беше отпуштен од Тотенхем ова лето и покрај тоа што го освои првиот трофеј за клубот по 17 години, може да го води Форест веќе во сабота кога тимот ќе се соочи со Арсенал.

Маринакис има желба неговиот тим да игра напаѓачки стил на фудбал, по кој Постекоглу стана познат за време на неговото раководење со Спарсите.

Од друга страна, Нуну Еспирито Санто минатата сезона со дефанзивен стил на игра го доведе Нотингем Форест до најдобра позиција во лигата во последните три децении, обезбедувајќи учество во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Верати пред потпис за италијанскиот великан – останаа само детали!

Марко Верати е блиску до враќање во Италија! Италијанскиот играч за врска, поранешен долго…