Дома Фудбал Македонија има сигурен мундијалски бараж!

Македонија има сигурен мундијалски бараж!

Македонската фудбалска репрезентација веќе обезбеди место во баражот за Светското првенство 2026, независно од исходот на квалификациите, благодарение на настапот во Лигата на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото место во нашата група во ова натпреварување ни ја гарантираше привилегијата да останеме во игра за Мундијалот, а по првите кола од квалификациите јасно е дека таа позиција е сигурна. Единствената непознаница е од кој шешир ќе биде извлечена Македонија – доколку завршиме втори, ќе не очекува вториот или третиот шешир, а доколку бидеме трети, местото е во четвртиот шешир.

Анализите во моментов покажуваат дека најизвесни ривали ни се Италија и Турција, иако ситуацијата може да се промени бидејќи „азурите“ сè уште имаат реални шанси за директен пласман како првопласирани во нивната група. До крајот на квалификациите остануваат уште два репрезентативни прозорци, по кои ќе се знае конечната слика. Најважно е дека Македонија сигурно ќе има бараж, а во случај на сензација со освоено прво место во групата – патот би водел директно на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел: Свесни сме што треба да направиме за да ја победиме Хрватска

Вечерва, во 22 часот, според наше време, Хрватска започнува со нејзиниот прв натпревар на …