Дома Фудбал Ливерпул претстави нов дрес, навивачите воодушевени (Фото)

Ливерпул претстави нов дрес, навивачите воодушевени (Фото)

Актуелниот првак на Англија ја претстави својата нова, трета гарнитура на дресови за тековната сезона, што предизвика воодушевување кај фановите. Некои од нив, коментирајќи на објавата на клубот на социјалните мрежи, забележаа дека оваа гарнитура би можела да биде и примарна.

Кога станува збор за самиот дрес, неговата официјална боја е “морско зелена” со бели детали.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Целосниот изглед на гарнитурата е надополнет со бели шорцеви и зелени детали, како и зелени чорапи. Комплетот вклучува и впечатлив, целосно црн дрес за голманот.

Од клубот најавија дека дресот првпат ќе биде носен на следниот натпревар на Ливерпул кога Редсите ќе го посетат Барнли во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајо…