Дома Фудбал Татко на млад фудбалер влета на терен и претепа голман во Италија (Видео)

Татко на млад фудбалер влета на терен и претепа голман во Италија (Видео)

Фудбалски натпревар на млади играчи на турнирот „Супер Оскар“ во близина на Торино заврши со тепачка на терен, во која се вклучи татко на еден од учесниците.

Овој сериозен инцидент се случи во Италија. Натпреварот Кармањола и Волпијано Пјанесе заврши со резултат 1:0, а по последниот свиреж на судијата, дојде до тепачка меѓу младите фудбалери.

Еден од родителите не можеше да гледа од трибините, па одлучи да влезе на терен и дивјачки го нападна голманот, инаку тринаесетгодишен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабио Борини се повлекува од фудбалот на 35 години

Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини објави дека ја завршува својата фудба…