Дома Фудбал Јамал сака само едно и повеќе не го крие: Секој што ќе ви каже поинаку лаже

Јамал сака само едно и повеќе не го крие: Секој што ќе ви каже поинаку лаже

Ламине Јамал, со само 18 години, е еден од големите фаворити за освојување на „Златната топка“ во 2025 година, која ќе биде доделена на 22 септември.

Моментално Осман Дембеле (28 години) се смета за главен фаворит за Ballon d’Or, откако со Парижаните ги освои сите домашни трофеи, трофејот во Лигата на шампионите, се пласираше во финалето на Светското клупско првенство и го освои европскиот Суперкуп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На листата што ја составиле англиските новинари, Ламине Јамал е на второ место, зад Французинот. Сега ѕвездата на Барселона проговори за можноста за освојување на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

„Тимски, освојувањето на Лигата на шампионите со Барселона би било неверојатно“, рече Јамал и потоа призна дека сака да ја добие Златната топка.

„Индивидуално, секој играч сака да го освои Ballon d’Or, а секој што ќе ви каже поинаку лаже. Да се биде меѓу фаворитите на 18 години е нешто што се цени и се надевам дека тоа ќе се случи“, рече Јамал, според Мундо Депортиво.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо во проблеми: Рела ослабен вечерва, но и во „Ел Класико“ за викендот!

Тимот на Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред претстојниот натпревар против Јувент…