Дома Фудбал Готово е: Баерн и Челси постигнаа нов договор за Џексон

Готово е: Баерн и Челси постигнаа нов договор за Џексон

Баерн Минхен и Челси постигнаа договор околу иднината на напаѓачот Нико Џексон. Двата клуба се согласија за позајмица со вклучена клаузула за откуп, а во договорот е додаден и нов елемент – можноста клаузулата да стане обврска, како што инсистираа „сините“ од Лондон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според информациите, Џексон веќе постигнал согласност за петгодишен договор со Баерн Минхен, кој би стапил на сила од летото 2026 година. Германскиот гигант ќе плати 15 милиони евра за позајмицата, потврдија од клубот.

Со овој трансфер, Баерн го зајакнува напаѓачкиот ред, а Челси добива финансиска сигурност и можност за трајна продажба на играчот. Џексон ќе има шанса да се докаже во Бундеслигата и да ја оправда довербата на тренерскиот штаб на баварскиот клуб.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Енрике при враќањето во Париз, ги повика играчите на вечера, а потоа направи нешто неочекувано

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можно…