
Фудбалскиот клуб Работнички реши по само три кола во новата сезона од ПМФЛ да ја прекине соработката со тренерот Бојан Марковски. Од Дебар Маало денеска официјално потврдија дека младиот стратег добива отказ.
Стартот на шампионатот за „романтичарите“ беше под очекувањата – реми со Тиквеш (0-0), порази од Башкими (2-0) и Струга (2-0), а загрижува фактот што тимот е единствениот во лигата кој по три натпревари нема постигнато ниту еден гол.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иронијата е што разделбата со Марковски доаѓа веднаш по историскиот триумф од 16:0 во Купот против третолигашот Карбинци. За Марковски ова беше прво искуство како прв човек на струката, откако претходно работеше како асистент во кипарските АЕЛ Лимасол и Етникос.
Во моментов од клубот не откриваат кој би можел да застане на клупата на Работнички, па останува да се види кој ќе ја преземе улогата на нов предводник на дебармаалци.