Дома Топ вести Меси ја шокира Барса со клаузула во договорот

Меси ја шокира Барса со клаузула во договорот

Лео Меси се уште го нема продолжено договорот со Барселона. Иако од клубот тврдат дека се е договорено, сепак се уште нема официјална потврда и потпис.

Неговиот актуелен договор со клубот од „Камп Ноу“ истекува наредното лето, а Барселона интензивно работи на продолжување на соработката со својот најдобар фудбалер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Аргентинецот бара во новиот договор да му биде вметната една специфична клаузула.

Имено, Меси сака во новиот договор да има клаузула според која ќе може кога тој што ќе посака да ја напушти Барселона.

Неговиот сон е да заигра за Њуелс одл Бојс во својата татковина и верува дека неговото барање е разумно и дека Барса ќе го прифати.

„Би сакал да заиграм за Њуелс. Тој е мој долгорочен сон, но вистина е дека ни самиот не знам што се може да се случи“, изјави Меси.

Барселона не е во позиција да преговара со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, па најверојатно ќе ги прифати неговите услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…