Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Јамал со еден потег ги воодушеви навивачите (Видео)

Вакво нешто ретко се гледа: Јамал со еден потег ги воодушеви навивачите (Видео)

Барселона направи неверојатен пресврт победувајќи го Леванте со 3:2 на гостински терен, а меѓу истакнатите фудбалери повторно беше Ламине Јамал. Младиот талент на Барса продолжува да фасцинира со својата игра, а неговиот потег синоќа беше навистина волшебен.

Синоќа, Леванте и Барселона одиграа динамичен натпревар во кој домаќините на полувреме имаа предност од 2:0. Но, каталонскиот тим во второто полувреме успеа да направи неверојатен пресврт и да дојде до победата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Домашните поведоа со гол на Ромеро во 15. минута, а предноста ја удвоија пред крајот на првото полувреме со гол од пенал на Моралес.

Иако Леванте делуваше дека ќе успее да извојува бод против Барса, Каталонците покажаа непокорен дух во второто полувреме и го свртеа натпреварот во своја корист.

Пресвртот започна со извонреден гол на Педри во 49. минута за 1:2, а само три минути подоцна, Феран Торес израмни на 2:2.

Конечната победа беше обезбедена во 91. минута кога Ламин Јамал центрираше од десната страна, а противничкиот играч Елгезабаи ја испрати топката со глава во својата мрежа.

Иако Јамал не постигна гол, неговата игра остави силен впечаток, особено потегот во натпреварот против Леванте и Барселона.

Потегот кој ги воодушеви навивачите се случи во третата минута од продолжението на првото полувреме, кога Јамал прими долг пас на спектакуларен начин.

Прв контакт на Ламине Јамал против Леванте на 45+3’ минута
одu/xggq вофудбал
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…