Дома Фудбал Се појави видео:Откриена новата девојка на Јамал, повозрасна е од него! (Видео)

Се појави видео:Откриена новата девојка на Јамал, повозрасна е од него! (Видео)

Осумнаесетгодишниот суперталент на Барселона, Ламин Јамал, веќе се истакна не само на фудбалскиот терен, туку и по својот колоритен живот надвор од него.

Минатото лето, многумина ги изненади со својата прослава на полнолетството, на која покани голем број девојки. Претходно, тој исто така беше виден како се релаксира во Италија во друштво на инфлуенсерката Фати Вазкез, која е 12 години постара од него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега, Ламин е поврзуван со аргентинската пејачка Ники Никол (24), со која бил виден во прошетка низ Монте Карло.

Двајцата ја искористиле можноста за кратко бегство во Монако, по настапот на Ники на натпреварот на Барселона, каде што Јамал беше херој на победата против Мајорка.

Покрај тоа што се прошетале, папараците ги фатиле и на раскошна јахта на француското крајбрежје, што уште повеќе ги разгорело шпекулациите за нивната љубовна врска.

Биле сместени во луксузниот хотел Maybourne Riviera, каде што престојот по ноќ започнува од 2700 евра за викенд во август, а апартманите со king size кревет и приватен базен, кои ги избрале, чинеле барем 10.000 евра по ноќ. Достапни се и поскапи сместувања.

Сето ова се случува по тоа што на крајот на јули, тие беа видени прегрнати во ноќен клуб. Ники исто така беше меѓу гостинките на роденденската прослава на Јамал на 13 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…