Дома Фудбал Изненадување од Мадрид: На „Бернабеу“ доаѓа човек кој никој не го очекуваше

Изненадување од Мадрид: На „Бернабеу“ доаѓа човек кој никој не го очекуваше

Чаби Алонсо и Реал Мадрид подготвија изненадувачко засилување. Нов член на клубот може да стане играчот од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вартон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мадридски Реал е заинтересиран за услугите на 21-годишниот играч од средниот ред на Кристал Палас, Адам Вартон, тврди Дејли Мејл.

Вартон зад себе има навистина одлична година. Палас игра одличен фудбал, а на средината на теренот овој млад фудбалер е навистина чудесен.

Тоа не остана незабележано. Дејли Мејл изјавува дека Чаби Алонсо е подготвен да го доведе во своите редови.

„Реал Мадрид внимателно го следи Адам Вартон. Постојано се на Селхерст Парк и го следат неговиот развој. Играчот е на листата на Реал Мадрид, но и на други големи клубови”, наведува Дејли Мејл.

Вартон е дефинитивно момче за кое многу ќе се слуша во иднина. Веќе сега е важен фактор во играта на Палас и му се насмевнува голем трансфер.

Останува да видиме дали тоа ќе се случи веќе ова лето или сè ќе почека одреден период. Интересот е огромен и Палас има намера да заработи огромни пари.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се изнервира по прашање за Меси и си замина (Видео)

Фудбалерите на репрезентацијата на Португалија вчера го совладаа Узбекистан со резултат 5:…