Дома Фудбал Како во најдобрите денови: Нејмар херој во победата на Сантос (Видео)

Како во најдобрите денови: Нејмар херој во победата на Сантос (Видео)

Сантос конечно го прекина лошиот период во 18. коло на бразилската Серија А, со победа од 3:1 против Јувентуде. Главната улога ја одигра Нејмар, кој двапати ја затресе мрежата и повторно ја покажа својата огромна вредност за матичниот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа победа дојде по три натпревари без триумф и речиси еден месец чекање. Од враќањето во Сантос, Неймар е клучен фактор за секоја победа на тимот – тие слават само кога тој директно учествува во погодоците, било како стрелец или како асистент.

Во 37. минута Неймар го отвори резултатот со одлична реакција на одбиена топка во шеснаесетникот. Само три минути подоцна, Барреал ја зголеми предноста на 2:0. Гостите се вратија во игра во судиското продолжение на првото полувреме преку Анхело, кој го намали резултатот на 2:1.

Сепак, сомнежи околу победникот немаше. Во 80. минута Неймар реализираше пенал и ја потврди победата на Сантос, со што клубот конечно стави крај на низата неповолни резултати.

Овие беа првите погодоци на Нејмар од мечот против Фламенго, кога беше единствениот стрелец за Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…