
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, стана дел од сопственичката структура на францускиот клуб Лe Ман, известува реномираниот „Л’Eкип“.
Лe Ман е клуб со долга традиција во францускиот фудбал кој долго време се натпреваруваше во елитната лига, додека денес игра во Втората лига.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ѓоковиќ не влегува сам во овој нов почин, бидејќи во сопственичката екипа се приклучија и легендарниот Формула 1 возач Фелипе Маса, актуелниот возач Кевин Магнусен, како и дечкото на тенисерката Арина Сабаленка, Георгиос Франгулис.
Тие заеднички имаат визија да ги поврзат моторните спортови и фудбалот, наследувајќи ја големата традиција на трката 24 часа Лe Ман.
Франгулис веќе има искуство во управувањето на фудбалски клубови, бидејќи учествува во раководството на Коритиба во Бразил. Една од нивните амбиции е Лe Ман да се избори за место во Лига 1, највисокото француско натпреварување.