Дома Фудбал „Адеми е најдобар фудбалер во историјата на Динамо“

„Адеми е најдобар фудбалер во историјата на Динамо“

Бруно Петковиќ, кој летово се раздели со Динамо Загреб, слично како и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во интервју за хрватскиот портал „Индекс“ се осврна на својот престој во клубот и сподели дел од спомените и впечатоците.

Во разговорот, Петковиќ ги допре и моментите кои оставиле силен печат во неговата кариера, како и личностите кои имале најголемо влијание врз тимот во изминатите години. На прашањето кој според него е најзначајниот играч во историјата на клубот, напаѓачот без двоумење го спомна Аријан Адеми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„За мене, Адеми е најдобриот играч што некогаш настапувал за Динамо Загреб. Иако низ клубот поминале многу квалитетни фудбалери, неговото влијание, лојалноста и посветеноста се нешто посебно и тешко повторливо“, изјави Петковиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балотели славеше затоа што Виера доби отказ: Бог сè гледа!

Патрик Виера доби отказ во Џенова, последниот тим од италијанската Серија А. Ова беше драг…