Дома Фудбал Инзаги не го сака, Митровиќ се враќа во Премиер лигата.

Инзаги не го сака, Митровиќ се враќа во Премиер лигата.

Медиумите во Саудиска Арабија се занимаваат со судбината на Александар Митровиќ, ѕвездата на Ал Хилал.

Најдобриот стрелец на репрезентацијата на Србија наводно е на излезните врати од клубот во кој помина последните две сезони.

Симоне Инзаги, новиот тренер на големиот клуб од Саудиска Арабија, не смета на услугите на српскиот напаѓач и поради таа причина Митровиќ ќе се врати во Европа, поточно во Англија.

Два клуба од Премиер лигата се заинтересирани за неговите услуги. Митровиќ пред да замине во Ал Хилал го носеше дресот на Фулам, а пред тоа и на Њукасл.

Минатата сезона Александар одигра 36 натпревари за Ал Хилал и постигна 28 гола со седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио го гледа врвот, Гатузо ја спушта еуфоријата: Прво 40 бода!

Лацио има шанса да се издвои на чело на Серија А, но Џенаро Гатузо пред дуелот со Каљари б…