Дома Фудбал Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според новинарот на „Билд“, Јулијан Агард, понудата на баварците била во вредност од 50 милиони евра, а вклучуваше уште 5 милиони во форма на бонуси и 10% од идна продажба на напаѓачот.

„Не водиме преговори. Ник ќе остане кај нас и следната сезона. Не сакаме да се разделиме со него. Не очекувајте од мене да наведам точна цена по која би го ослободиле“, изјави извршниот директор на Штутгарт, Александер Верле.

Според бројни германски медиуми, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а „Швабите“ ќе се согласат да ја продадат својата голема ѕвезда за 65 милиони евра.

Минатата сезона Волтемаде постигна 12 голови во Бундеслигата, а потоа се претстави многу силно и на Европското првенство за млади, каде што стана најдобар стрелец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартинез доби наследник што ја воодушеви Вила: Сузуки блеска меѓу стативите

Зион Сузуки брзо ја освои довербата во Астон Вила. Јапонецот не импресионира само со одбра…