Дома Фудбал Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенберг од “Скај Спортс”. Германскиот клуб одби да го продаде 23-годишниот напаѓач за 80 милиони евра. Оваа одлука е поврзана главно со условите на плаќање.

Спортскиот директор на Ајнтрахт Маркус Кроше сака да добие поголема сума за фудбалерот. Некои клубови веќе изјавија дека се подготвени да платат повеќе пари за Екитике. Постојат претпоставки дека “орлите” сакаат меѓу 90 и 100 милиони евра за Французинот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливерпул исто така има интерес за 23-годишниот напаѓач.

Минатата сезона францускиот фудбалер одигра 33 натпревари во Прва Бундеслига, постигнувајќи 15 голови и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит снимка: Патници во авион ја добија веста дека Босна ќе игра на Мундијал (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот успеа да се квалификува за …