Дома Останати Кошарка Ваков договор не се памети: Девин Букер го потпиша најдолгото продолжување во историјата на НБА

Ваков договор не се памети: Девин Букер го потпиша најдолгото продолжување во историјата на НБА

Девин Букер, водечкиот кошаркар на Феникс Санс, потпиша најголемо продолжување на договорот во историјата на НБА.

Букер има уште три години од договорот со Феникс и ќе заработува по 53, 57 и 61 милион долари последователно, а сега стави потпис на продолжување за дополнителни две сезони.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во сезоните 2028/2029 и 2029/2030 ќе добие вкупно 145 милиони долари, што гледано во просекот на парите што ќе ги добие, претставува највисок износ досега за продолжување на договор во НБА.

Со ова, Букер ќе има годишна просечна заработка од 72,5 милиони долари, со што ќе го собори рекордот што неодамна го постави Гилџус-Александер.

Актуелниот освојувач на МВП наградата потпиша договор за продолжување од четири години вреден 285 милиони долари, што значи 71,25 милиони долари во просек на сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи…