Дома Фудбал Јамал откри кој за него е најдобриот фудбалер во историјата

Јамал откри кој за него е најдобриот фудбалер во историјата

Ламине Јамал без дилема е за многумина моментално еден од најдобрите играчи во светот, а младиот ас на Барселона откри во интервју пред неколку дена кој фудбалер е за него најдобар на сите времиња.

Јамал се појави на фудбалската сцена пред скоро две години кога имаше само 16 години, и никој не беше подготвен за тоа што Барсиниот тинејџер направи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Веќе во првата сезона се избори за место во репрезентацијата на Шпанија со која пред една година стана европски првак, а својот квалитет го покажа и во сезоната која измина.

Јамал со Барселона успеа да освои тројна круна во Шпанија и единствено што каталонскиот клуб не успеа да освои во минатата сезона е Лига на шампиони.

Многумина сметаат дека Јамал веќе сега е еден од најдобрите играчи во светот и покрај Осман Дембеле е главен кандидат за освојување на Златната топка.

Јамал моментално се наоѓа на одмор и даде интервју во кое одлучи да открие кој е за него најдобриот играч на сите времиња.

Секако, изборот падна на Лионел Меси кој го уживаше да го гледа додека Аргентинецот настапуваше во Барселона со која освои се што може да се освои.

„За мене Лео Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Ме инспирираше сѐ што правеше на теренот и надвор од него, тој во мене буди восхит во секое значење на тој збор. Лео имаше глобално влијание. Го сакав апсолутно секој сегмент од неговата игра и за мене тоа е нешто вистински прекрасно”, рече Јамал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан отпиша тројца фудбалери – сите ќе се преселат во ист клуб!?

Болоња планира да донесе три играчи од Милан кои повеќе не се во плановите на тренерот Мас…