Дома Фудбал „Потешко ми беше да играм против Роналдо на тренинг, отколку со другите на натпреварите“

„Потешко ми беше да играм против Роналдо на тренинг, отколку со другите на натпреварите“

Гостувајќи кај Гери Невил во емисијата „Overlap“, Немања Видиќ одговараше на интересни прашања, при што едно од нив се однесуваше на најдобриот играч со кого некогаш играше.

Без двоумење, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед рече дека тоа е Кристијано Роналдо, а потоа објасни колку посебен бил Португалецот.

„Кристијано Роналдо, тука нема дилеми.

Всушност, најтешките противници беа оние против кои играв на тренингот.

Мојот напредок како дефанзивец беше голема заслуга на Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Луј Саха.

Тренингот ми беше многу потежок, а натпреварите полесни. Имаше голема конкурентност, сите се трудеа со 100%“ рече Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…