
Поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља (38), се присети на анегдота од подготовките во Соединетите Американски Држави кога Кристијано Роналдо го изненади целиот тим.
Тој објасни дека Кристијано Роналдо не е само извонреден фудбалер, туку и човек со големо срце, а тоа го потврдува една досега непозната приказна.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
“Кога отпатувавме во САД на предсезонски подготовки, тој им купи на целоиот тим, вклучувајќи ги физио терапевтите и обезбедувањето, најновиот модел на iPhone и Apple Watch”, се присети 38-годишниот голман.
Касиља истакна дека таквиот гест е јасен доказ за каква личност станува збор.
“Тој е феноменален, над човечки стандард, кој помага дури и на најмалиот играч кој низ младинската школа ќе помине. Побарајте од него било што и тој тоа ќе го направи, изјави голманот роден во Тарагона, кој во својата кариера играше за Реал, Еспањол, Кадис, Картагену, Лидс, Елче и Хетафе.
Касиља одигра вкупно 43 официјални натпревари за Реал, а еднаш го носеше и дресот на репрезентацијата на Шпанија.