Дома Фудбал Убави најави: Нов голем спонзор влегува во Вардар!

Убави најави: Нов голем спонзор влегува во Вардар!

Црвено-црните од Вардар се подготвуваат за нова, амбициозна сезона во која ќе атакуваат на врвот на мак-фудбалот и настап во Европа, а од клубот пристигнуваат оптимистички најави – на повидок е нов голем спонзор кој ќе ја засили финансиската стабилност на најтрофејниот македонски клуб.

За време на подготовките во Словенија, од раководството на Вардар беше потврдено дека буџетот за наредната сезона ќе изнесува околу 3,5 милиони евра – сума што ветува сериозни чекори во пресрет на сите предизвици, како на домашна сцена, така и на европската.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Името на новиот партнер засега останува во тајност, но според најавите, станува збор за компанија со докажано спортско портфолио, која веќе инвестира во клубови како Сепси (Романија), Левски (Бугарија), Осијек (Хрватска), како и унгарските Пушкаш Академија и Диосѓер.

Во новата сезона Вардар ќе го брани трофејот во Купот на Македонија, а во домашното првенство ќе атакува на самиот врв. Дополнителен предизвик ќе бидат квалификациите за Конференциската лига, каде што прв противник ќе биде екипата на Ла Фиорита од Сан Марино.

Со новиот спонзор и стабилен буџет, Вардар влегува во сезоната со јасна цел – враќање на старата слава и консолидирање како водечка сила во македонскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…