Дома Фудбал Јамал со ново барање ја стави Барселона во многу непријатна ситуација

Јамал со ново барање ја стави Барселона во многу непријатна ситуација

Тинејџерската сензација Ламин Јамал наскоро ќе го прослави својот 18-ти роденден, а како подарок од Барселона ќе добие дрес со бројот 10. Сепак, на младата ѕвезда ни тоа не му е доволно, па одлучи дека од следната сезона сака се да се прашува и побара да изведува слободни удари и пенали.

Ламинe Јамал во текот на изминатата година стана вистинска фудбалска сензација. Доби шанса во Барселона и репрезентацијата на Шпанија и од натпревар во натпревар покажа вистинска магија во нозете.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој 17-годишник стана светска ѕвезда, но славата малку и го понесе, па последните неколку недели е во центарот на вниманието во спортската јавност поради погрешни причини.

Многумина се плашат дека жени би можеле да му ја уништат кариерата на Јамал. На 17 години стана вистински заводник и многу од интерес се вртат околу него.

Сепак, фудбалот му е сè уште во глава. Доказ за тоа е барањето кое ѕвездата на Барса го достави до стручниот штаб. Побара да се прашува за сè.

„Ламин Јамал од стручниот штаб побара од следната сезона да изведува слободни удари и пенали”, тврди Мундо Депортиво.

Сега сака повеќе и ќе видиме каков одговор ќе има клубот, но и тренерот Ханси Флик на овој барање на младата ѕвезда. Сигурно дека ја стави ситуацијата во незгодна позиција, тешко е да се одбие, а тешко е и да му се препушти баш сè, покрај постарите колеги.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…