Дома Фудбал Ниту Шешко, ниту Ѓокереш: Арсенал има друга желба во нападот

Ниту Шешко, ниту Ѓокереш: Арсенал има друга желба во нападот

Арсенал веќе подолг период бара решение за позицијата центарфор, а сега се појави ново име со кое навивачите нема да бидат ниту малку задоволни.

Топчиите и минатата сезона ја завршија без трофеј во витрините, па нивните навивачи полека почнуваат да го губат трпението со своите миленици.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Арсенал е еден од ретките европски гиганти кои не играат во годинешново издание на Светското клупско првенство, па затоа имаат повеќе време за подготовки.

Еден дел од подготовките за следната сезона е секако и активноста на трансфер пазарот, а Арсенал ова лето ќе биде многу активен на ова поле.

Една од позициите што Микел Артета ја сметааза дефицитарна во екипата е позицијата во врвот на нападот – позиција центарфор.

Арсенал покажал интерес за многу центарфори, а најмногу се зборуваше за Бенџамин Шешко и Виктор Ѓокереш.

Во последно време приказната за овие двајца напаѓачи стивнува, а сега почнаа да се појавуваат и нови опции за Топчиите на оваа позиција.

Како што пренесува англискиот новинар Данкан Кастлес, Арсенал е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Челзи – Николас Џексон.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…