
Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно во неговата татковина Франција.
Последниве денови овие шпекулации беа сè поинтензивни, а сега ги потврди познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Според неговите информации, Жиру ја прифати едногодишната понуда од Лил.
Лекарските прегледи се веќе закажани и се очекува трансферот наскоро да биде официјализиран.
Лил најверојатно ќе остане без канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид, кој ќе замине како слободен играч, така што клубот има намера да го засили нападот со поискусен фудбалер, а изборот падна на Жиру.
Жиру се приклучи на LAFC како слободен агент од Милан минатото лето. За време на неговиот престој во клубот, постигна пет гола и четири асистенции во 37 натпревари.
Неговото време во САД беше обележано и со учеството на LAFC на Светското клупско првенство на ФИФА. Клубот од MLS испадна по групната фаза, а Жиру не покажа значителна ефикасност во натпреварите против Челси, Есперанс и Фламенго, каде што одигра 161 минута.