Дома Фудбал Вториот најплатен играч на Реал повторно повреден. Пропуштил 118 натпревари за 4 години

Вториот најплатен играч на Реал повторно повреден. Пропуштил 118 натпревари за 4 години

ДАВИД АЛАБА (32) пред четири години пристигна во Реал од Баерн со статус на еден од најдобрите дефанзивци во светот, како играч кој брилијантно се снаоѓа на позицијата стопер и лев бек. Но, капитенот на австриската репрезентација дојде во Мадрид со една сериозна слабост. Познат е како играч кој често се повредува. Во текот на 11 години во Баерн, поради повреди, изостави дури 122 натпревари. Четири години подоцна, изгледа дека во Реал може да ја надмине оваа бројка и тоа за помалку од половина од времето кое го мина во Баерн.

Алаба повторно се повреди. Реал објави дека дефанзивецот има повреда на мускулот на левата нога. Очекувањата се дека ќе биде надвор од терените околу три недели, што значи нема да може да учествува до крајот на тековното клупско СП, а бројот на натпревари кои ги пропуштил од повреди, откако е во Реал, се искачи на најмалку 118 за четири години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најновата повреда се случи среде опоравувањето на Алаба од повредата на менискусот која ја претрпе во април.

Алаба нема да настапи на Клупското светско првенство кое го сметаше за можност за враќање на теренот. Новиот медицински извештај повторно го забави неговиот опоравок, кој внимателно се следи поради двете сериозни повреди, велат од Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат фаворитот за освојување на Светското клупско првенство

Светското клупско првенство влегува во својата највозбудлива фаза – нокаут-делот, каде што…