Дома Фудбал Голем гест на Алесандре Пато: Помогна на семејство на девојка која трагично го загуби животот

Голем гест на Алесандре Пато: Помогна на семејство на девојка која трагично го загуби животот

Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, Бразилецот Александре Пато (35), понуди финансиска поддршка за семејството на 26-годишната туристка Жулијана Маринс од Бразил, која несреќно го загубила животот при пад во активен кратер на вулканот Ринџани во Индонезија за време на планинарски поход.

Жулијана Маринс од Нитерои паднала над 300 метри од врвот на вулканот и останала заробена во кратерот. И покрај драматичната четиридневна спасувачка мисија, нејзиното тело било пронајдено без знаци на живот како резултат на повреди и опасните елементи на вулканот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Семејството на девојката јавно го критикуваше водичот за турната, тврдејќи дека ја оставил сама кога се почувствувала изнемоштена, исто така обвинувајќи ги индонезиските спасувачи за несоодветен и доцнежен одговор.

“Жулијана беше жртва на сериозно невнимание од страна на спасувачкиот тим. Доколку беше пронајдена во соодветно време, се верува дека ќе преживееше”, изјавија од семејството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…