Дома Фудбал „Бомба“ од Каталонија: Барселона носи тинејџер кого го споредуваат со Меси!

„Бомба“ од Каталонија: Барселона носи тинејџер кого го споредуваат со Меси!

По успешната сезона што ја остави зад себе, Барселона веќе се подготвува за следната, и во Каталонија сега ја комплетираа една одлична зделка или трансфер.

Под водство на тренерот Ханси Флик, Барселона минатата сезона освои три трофеи и без сомнеж има идеална основа за наредниот период.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Прво го освоија Суперкупот на Шпанија, потоа и Купот на Кралот, а „шлагот на тортата“ беше титулата во шпанското првенство, пред најголемите ривали – Реал Мадрид.

Барселона е еден од од европските гиганти кои нучествуваат на годинешното Светско клупско првенство, што им овозможува да се подготват без притисок за следната сезона.

Иако каталонскиот клуб веќе располага со многу квалитетен тим, амбициите на Блауграна се високи и ова лето ќе го зајакнат составот со нови засилувања.

Пред неколку дена го презентираа првото летно засилување, односно голманот Хоан Гарсија, кој дојде од Еспањол за сума од 25 милиони евра.

Гарсија е доведен како прв чувар на мрежата и потпиша договор кој ќе важи шест години, до летото 2031 година.

Но, ова е само почеток на трансфер динамизмот на Барселона во овој преоден период, и се очекува уште трансфери во каталонскиот клуб во следните месеци.

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо сега откри вистинска „бомба“ и објави дека Барса постигна договор со уште еден талентиран играч.

Се работи за 19-годишниот Руни Бардги кој ќе пристигне од Копенхаген. Бардги е фудбалер кој игра на позицијата десно крило.

Роден е во Кувајт, но со своите шест години се пресели во Шведска и на самиот почеток на кариерата одлучи да ја претставува Шведска. Иако има само 19 години, веќе долго време е дел од шведската У-21 селекција.

Бардги е играч за кој се предвидува блескава иднина, а европските медиуми уште на рана фаза од неговата кариера го споредуваат со Лионел Меси.

Како и легендарниот Аргентинец, Бардги се одликува со одлична игра со левата нога и пристап во играта, а исто како и Меси/.

Договорот меѓу Барселона и Бардги веќе е постигнат, и остануваат само неколку ситни детали, додека на почетокот на јули се очекува официјална потврда на овој трансфер.

Фото: F.C. København/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Тео Хернандес се сели во Ал Хилал

Ѕвездата на Милан, Тео Хернандес ја прифати понудата на Ал Хилал и кариерата ќе ја продолж…